Обуки – пријавување и оданочување на приходи од имот и имотни права (Закупнина)

Вторник, 09.01.2018 – Среда, 31.01.2018, Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Пехчево, Свети Николе, Крушево, Куманово, Радовиш, Кичево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Ресен, Струмица, Кратово, Струга, Берово, Пробиштип, Охрид, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Штип, Кочани, Тетово

Период: Од 09 јануари до 31 јануари 2018 година

Локација: Скопје, Прилеп, Кавадарци, Велес, Пехчево, Свети Николе, Крушево, Куманово, Радовиш, Кичево, Битола, Македонски Брод, Валандово, Ресен, Струмица, Кратово, Струга, Берово, Пробиштип, Охрид, Неготино, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар, Штип, Кочани, Тетово, Демир Хисар, Делчево и Виница.

Организатор: Управа за јавни приходи – Даночна академија

Учество на обуката: Со регистрација, односно најава на наведеното контакт лице, најдоцна два (2) дена пред почетокот на обуката. Обуките се без финансиски надоместок.

Целна група: Граѓани – физички лица

Ниво: Општо

Опис на обуката: Еднодневна обука за пријавување, оданочување на приходи остварени од издавање под закуп и подзакуп на движен и недвижен имот и даночните поволности.