25/04/2024
Македонија

Обука за вештини за наблудување на однесувањето

Во организација на Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Република Македонија, во периодот 26-28 февруари 2018 година се одржа Обука за зајакнување на вештините за набљудување на однесувањето (бихејвиористичка опсервација) наменета за 24 царински и полициски службеници.

Учесниците на обуката следеа настава во училница, работеа на студии на случај и практични вежби, подготвени за зајакнување на вештините на царинските и граничните полициски службеници за набљудување, интервјуирање и идентификација на криумчари на недозволена стока и оружје за масовно уништување, криминалци и терористи.

На завршната церемонија која се одржа денес 28.02.2018 г., директорот на Царинската управа г. Ѓоко Танасоски искажа благодарност до Програмата за контрола на извозот и гранична безбедност, поддржана од Владата на Соединетите Американски Држави преку која се реализирани повеќе донации на опрема која се користи во секојдневното работење на царинските службеници и за нивната стручна подготовка преку одржаните специјализирани обуки, семинари и конференции.

Директорот Танасоски и Регионалниот советник на Програмата EXBS, г. Џорџ Кларк на учесниците на обуката им врачија Сертификати за завршена обука.