19/04/2024
Македонија

Од четврток снег

Од УХМР известуваат дека денес само во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.

Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд ќе има во среда попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен југозападен, а во вечерните часови како и во четврток северозападен ветер.

До четврток на планините во северозападните делови ќе има врнежи од снег претежно со умерен интензитет, така што ќе има континуирано зголемување на снежната покривка.