20/04/2024
Охрид

Од денес дотур на роба во чаршијата само со мали возила

Општина Охрид упатува апел до сите доставувачи на роба во Охридската чаршија истата да ја реализираат со мали моторни возила поради новогодишното украсување на градов што започна денес.

Доставувањето на робата да се врши внимателно со цел да не се оштети Ѕвезденото небо што ќе блесне над чаршијата и градскиот плоштад и да не се уништат останатите новогодишни реквизити. Доставувањето на роба со мали возила во чаршијата ќе биде се додека новогодишните реквизити го красат Охрид.