25/04/2024
Македонија

Од недела се очекуваат врнежи од снег

Утре ќе преовладува претежно облачно и суво време. Во сабота ќе се задржи облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег, особено во западните и јужните делови.

Од недела ќе бидеме под влијание на релативно студена и влажна воздушна маса од која се очекуваат врнежи претежно од снег, само во крајниот југоисточен дел од земјава ќе бидат од дожд и снег. До вторник насекаде се очекува формирање на снежна покривка, а на планините значително зголемување на истата.