25/04/2024
Македонија

Од полноќ горивата поскапуваат за 2 денари

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македоонија, од вечерва по полноќ, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 3,90%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 14.05.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 73,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 75,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 65,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 54,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 2,397 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 14.05.2018 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 34,534 ден/кг.