Од полноќ поскапуваат бензините

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Република Северна Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 0,98%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 1,00 ден/лит, во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.02.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 04.02.2019 година, и со тоа малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 48,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,107 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 04.02.2019 година и со тоа цената на мазутот М-1 НС изнесува 32,228 ден/кг.