Од понеделник (24 јуни) Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за сите корисници

ЈП „Билјанини Извори“ ја известува јавноста дека од понеделник 24 јуни градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за сите корисници. Во изминатиот период јавното претпријатие ги направи сите неопходни активности кои вклучуваа уредување на просторот околу големиот и малиот базен, проверка на системот за прочистување и оддржување на квалитетот на водата во базените и комплетно чистење на коритата на малиот и големиот базен.

Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе биде отворен за сите корисници и тоа од 9:00 – 14:00 часот за пливачките школи и клубови и од 14:00 – 20:00 часот за сите рекреативци.

Еднодневен билет за рекреативно користење на базените за една особа изнесува 60 денари.

ЈП „Билјанини Извори“ ги поканува сите љубители на пливањето, рекреативци, родители со деца, сите граѓани да дојдат на градскиот базен и заедно со нас да се дружиме и уживаме во благодетите на пливањето и игрите во вода.