Од среда заладување на времето

Од УХМР известуваат дека и денес ќе биде облачно со локални врнежи претежно од снег, главно со слаб интензитет. Повеќе врнежи ќе има во планинските региони на северозападот и истокот од земјава, каде се очекува формирање или зголемување на снежната покривка. Формирање на мала снежна покривка е можно понекаде и во пониските делови на северот од земјава.

Појава на врнежи ќе има и во вторник, но само на крајниот запад. Во останатите делови преку денот ќе има сончеви периоди, ќе дува умерен југозападен ветер, а температурата осетно ќе се зголеми.

Поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во среда доцна попладне, како и во текот на ноќта кон четврток кога поради нагло заладување врнежите ќе преминуваат во снег.