28/03/2024
Охрид

Одбележан Денот на пролетта во ОУ „Григор Прличев“

Денот на пролетта, 21 март беше дочекан со голема радост од учениците од ОУ „Григор“.  Се реализираа интегрирани часови со еколошки содржини, а дел од учениците со секциите спроведоа и еколошки акции.

Имено, учениците од одделенска настава од подрачното училиште „Григор Прличев“ во Населба Рача заедно со учителките: Виолета Кафтан, Наташа Маркоска, Мирјана Христовска, Марија Стојоска и Ружица Размоска традиционално го посетија посетија Благовештенскиот манастир. Учениците уживаа во прекрасната природа, засадија садници со очиња во дворот на манастирот и беа одлично пречекани од домаќините. И покрај дождливото време сепак ја продолжија традицијата.