23/04/2024
Дебрца

Одбележан патронатот на ОУ „Дебрца“

Денес во с.Белчишта беше одбележан патрониот празник на Основното училиште „Дебрца“.

Програмата за одбележување на патронатот најпрво започна со положување на свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци во с.Сливово и пред Споменикот на Трајче Дојчиноски во с.Белчишта. Потоа, програмата продолжи со Ликовна изложба во ОУ „Дебрца“, како и Свечена програма изведена од учениците.