25/04/2024
Охрид

Oдбележан патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец“

Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ го одбележа својот патронен празник „7-ми Ноември”.

Со пригодна свеченост, денес им беа врачени награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа на вкупно 42 вработени во ЈП „Охридски Комуналец” и тоа: тројца вработени за 30-годишно работење, четиринаесет вработени за 20-годишно работење и дваесет и пет вработени за 10-години непрекинат работен стаж.

ЈП „Охридски Комуналец“ веќе  66 години успешно се грижи за одржување на јавната чистота и зеленило во градот и прерасна во едно од најдобрите комунални претпријатија во Р.Македонија.