28/03/2024
Охрид

Одбележан патрониот празник на ОУ „Св.Климент Охридски“

Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски  заедно со заменик градоначалникот Константин Георгиевски  синоќа   присуствуваа  на свеченостите што се организираа по повод  патрониот празник на Основното училиште „Св. Климент Охридски“   кое годинава  одбележува и јубилеј- 120 години од  неговото основање.

По тој повод во Центарот за култура „Григор Прличев“  беше отворена изложба и продажна акција по што  се одржи свечена културно-уметничка програма на тема „Времеплов“.

Претходно во рамките на општинската прослава за одбележувањето на Св. Климент Охридски – Патронот и заштитникот на Охрид, во  НУ Библиотека „Григор Прличев“   беше отворена изложбата под наслов: „Св. Климент Охридски во македонската книжевна и научната мисла во Македонија“

Беа изложени педесеттина ретки наслови – изданија кои одблиску зборуваат за и околу животот и делото на Св. Климент и неговата мисија и создавањето на првиот универзитет на Балканот.

Преку изложбата  се согледа  континуитетот од работата на Светите Кирил и Методиј , преку нивните ученици Светите Климент и Наум па се’ до денес.

Во рамки на настанот беа  доделени и наградите од литературниот конкурс по повод Месецот на книгата во организација на библиотеката.