19/04/2024
Охрид

Одбележан патрониот празник на ОУ „Ванчо Николески“

Градоначалникот Јован Стојаноски синоќа присуствуваше на Свечената приредба во ЦК „Григор Прличев“  што по повод патрониот празник ја одржаа учениците од ОУ „Ванчо Николески“ од с. Лескоец.

Традиционално  на свеченоста претходеа еднонеделни активности кои се дел од одбележувањето на патрониот празник. 

ОУ „Ванчо Николески“ во својот состав ги опфаќа училиштето во Лескоец и подрачните училишта во село Косел, село Куратица, како и подрачната паралелка во село Ливоишта.