19/04/2024
Охрид

Одбележан празникот Св.Атанасиј Велики во Рамне

Денеска во Рамне се одбележа празникот Св. Атанасиј Велики во манастирот посветен на св. Атанасиј. Голем број на верници го посетија манастирот и палеа свеќи за здравје. После светата богослужба се освети и новата трпезарија која беше изградена во период помалку од една година.

Кумот Јован Шиникоски даде ручек за добронамерните верници кои дојдоа да го посетат манастирот.

За многу години!

Ангел Андриоски/WebOhrid