29/03/2024
Охрид

Одбележани 119 години од формирањето на првата востаничка чета во Охридско

Одбележани 119 години од формирањето на првата востаничка чета во Охридско во манастирот ,,Света Петка” во Велгошти.

Почетокот започна со едноминутно молчење во чест на починатиот Димче Милески, поранешен претседател на МК Велгошти и еден од иницијаторите на воозобнувањето на традицијата на прославата на денот на формирањето на првата востаничка чета во Охридско.

Пред присутните се обрати кандидатот за пратеник Д-р Кирил Пецаков за кого оваа традиција е секогаш обврска којашто и понатаму треба да се негува и почитува. Секоја генерација си има своја борба, а нашите предци ни оставија аманет кој ние како генерација доследно треба да го продолжиме и пренесеме на идните генерации.

Свежо цвеќе положија МЗ Велгошти, МК ВМРО-ДПМНЕ Велгошти и ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.