Одбележани 77 години од смртта на Стив Наумов и Мите Богоевски

Пред споменикот на Стив Наумов, лоциран кај Офицерскиот дом во Битола, со положување на свежо цвеќе, беше одбележана 77 годишнината од смртта на народниот херој Стеван Наумов Стив, кој заедно со Мите Богоевски, загинаа за време на Втората светска војна.

На 12 септември 1942 година, кај местото Болно, Ресенско, Стив Наумов и Мите Богоевски, биле опколени од окупаторските војници и извршиле самоубиство.

Во чест на загинатите, свежо цвеќе во име на градоначалникот положи советникот Влатко Шеровски, делегација од Советот на Општина Битола, делегација од Општинската организација на Сојузот на борците од Битола, како и членови на семејството на загинатиот Стеван Наумов Стив.

This slideshow requires JavaScript.