Одбележување на 76 годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска ударна бригада

Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, по повод 76 годишнината од формирањето на Првата МКНОУПБ на 11 Ноември 1943 година во с.Сливово и Патронатот на ОУ „Дебрца“, организира свеченост на 11.11.2019 – понеделник со следната:

П Р О Г Р А М А

10:00 часот с.Сливово

Положување свежо цвеќе на споменикот во с.Сливово.

За борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски – Професор по историја.

Посета на спомен домот.

11:30 часот

Положување свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во с.Белчишта и на бистата на Трајче Дојчиноски.

Посета на ликовната изложба во ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта.

12:00 часот

Свечена програма по повод Патрониот празник на ОУ „Дебрца“ во с.Белчишта.