20/04/2024
Македонија

Одбележување на Светскиот ден на уметноста

Во Музејот на град Скопје, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Св. Наум како ликовен сон“ од австрискиот уметник Бернхард  Холеман …

Древниот манастир Свети Наум од крајот на деветиот век е место каде што со векови се таложеле културни наслојки и се вкрстувале цивилизации и култури.
Токму овој манастир бил и  инспирација за ликовниот уметник Бернхард Холеман кој неколку години во летните месеци престојувал во манастирските конаци. Неговите дела создадени за тоа време и на тој простор  се  културно –цивилизациски континуитет,  со несомнен  придонес  во градењето на европската ризница на културни вредности.
Изложбата е во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на уметноста, 15-ти април, денот кога е роден големиот гениј на италјанската и европската ренесанса Леонардо да Винчи.