Одиграно 22 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 22 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Беласица  0:0  Вардар

Работнички  1:2  Академија Пандев

Ренова  0:0  Македонија ЃП

Шкупи  1:0  Шкендија

Силекс  1:0  Победа

На врвот од табелата се наоѓа Шкендија со 47 бодови, пред Академија Пандев и Вардар на второто место со по 39 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Влатко Стојановски (Ренова) со 12 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими (Шкендија) и пред Изаир Емини (Шкендија) со по 11 голови, и Петар Петковски (Работнички) со 10 постигнати голови.

WebOhrid