25/04/2024
Спорт

Одиграно 26 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 26 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Академија Пандев  0:1  Шкендија

Победа  0:0  Вардар

Работнички  1:1  Беласица

Ренова  1:0  Шкупи

Силекс  1:1  Македонија ЃП

На врвот од табелата се наоѓа Шкендија со 59 бодови, пред Вардар на второто место со 49 бодови и Академија Пандев на третото место со 45 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Влатко Стојановски (Ренова) со 14 постигнати голови, пред Љупче Дориев (Академија Пандев) со 12 голови, а Бесарт Ибраими (Шкендија) и Изаир Емини (Шкендија) на третото место, и двајцата со по 11 голови.

WebOhrid