19/04/2024
Спорт

Одиграно 28 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 28 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Беласица  1:1  Победа

Македонија ЃП  1:1  Академија Пандев

Ренова  1:2  Работнички

Шкупи  2:1  Силекс

Вардар  0:0  Шкендија

На врвот од табелата се наоѓа Шкендија со 63 бодови, пред Вардар на второто место со 51 бодови и Академија Пандев на третото место со 47 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Влатко Стојановски (Ренова) со 14 постигнати голови, пред Љупче Дориев (Академија Пандев) на второто место со 13 голови, а Бесарт Ибраими (Шкендија), Изаир Емини (Шкендија) и Христијан Кировски (Македонија ЃП) на третото место, и тројцата со по 11 голови.

WebOhrid