19/04/2024
Спорт

Одиграно 31 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 31 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Академија Пандев  3:1  Работнички

Македонија ЃП  3:1  Ренова

Победа  0:1  Силекс

Шкендија  5:1  Шкупи

Вардар  1:1  Беласица

На врвот од табелата се наоѓа Шкендија со 69 бодови, пред Вардар на второто место со 58 бодови и Академија Пандев на третото место со 50 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓаат Влатко Стојановски (Ренова) и Љупче Дориев (Академија Пандев) со по 14 постигнати голови, пред Бесарт Ибраими (Шкендија), Изаир Емини (Шкендија) и Христијан Кировски (Македонија ЃП) на второто место, сите со по 11 голови.

WebOhrid