Одиграно 32 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 32 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Беласица  3:1  Македонија ЃП

Работнички  0:1  Шкендија

Ренова  9:1  Победа

Шкупи  2:2  Вардар

Силекс  3:0 Академија Пандев

На врвот од табелата се наоѓа Шкендија со 72 бодови, пред Вардар на второто место со 59 бодови и Академија Пандев на третото место со 53 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Влатко Стојановски (Ренова) со 18 постигнати голови, пред Љупче Дориев (Академија Пандев) на второто место со 15 постигнати голови, и пред Бесарт Ибраими (Шкендија), Изаир Емини (Шкендија) и Христијан Кировски (Македонија ЃП) на третото место, сите со по 11 голови.

WebOhrid