Одиграно 8 коло од Првата МФЛ

Вчера се одиграа натпреварите од 8 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:

Академија Пандев  0:0  Шкендија

Победаа  0:1  Вардар

Работнички  1:1  Беласица

Ренова  2:0  Шкупи

Силекс  1:1  Македонија ЃП

На врвот од табелата се наоѓа Вардар со 20 бодови, пред Академија Пандев со 16 бодови на второто место и Шкендија со 15 бодови на третото мсто. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Бесарт Ибраими (Шкендија) со 7 постигнати голови, пред Петар Петковски (Работнички) и Влатко Стојановски (Ренова) со по 5 голови.

WebOhrid