Одиграно 9 коло од Првата МФЛ
Денес се одиграа натпреварите од 9 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати:
Беласица 1:1 Силекс
Македонија ЃП 1:0 Победа
Шкендија 2:2 Ренова
Шкупи 1:1 Работнички
Вардар 3:0 Академија Пандев
На врвот од табелата се наоѓа Вардар со 23 бодови, пред Шкендија и Академија Пандев на второто место со по 16 бодови. На врвот од листата на стрелци се наоѓа Бесарт Ибраими (Шкендија) со 8 постигнати голови, пред Влатко Стојановски (Ренова) со по 6 голови и Петар Петковски (Работнички) со 5 постигнати голови.
WebOhrid