Одличен старт на есенската сезона на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” на “Плевен 2019” –Бугарија

Викендов во Плевен соседна Бугарија се одржа Меѓународен Таеквон-до ИТФ натпревар , дисциплина спаринг само за деца до 14 години,на кој зеде и нашиот најдобар клуб Таеквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид. На овај натпревар настапија со 6 натпреварувачи ,од кој 5 се закитија со медали , и тоа со 1 златен , 2 сребрени и 2 бронзени медали. Тренерот и претседателот на клубот Марјанчо Лазаревски носител на црн V појас дан, пред се се заблагодарува на нивниот генерален спонзор ПН МЕТАЛ,које најзаслужен за нивното учество на овај престижен натпревар и вели дека е презадоволен од настапот на неговите натпреварувачи, како што знаеме Бугарија е една од најјаките федерации во светот и затоа на нивните натпревари се радуваме посебно на секој медал, конкуренцијата беше голема и квалитетна, настапивме со 3 дебитанти , со еден натпреварувач во прогрес и двајца од нашите најдобри натпреварувачи.Посебно ме радува фактот дека како што планиравме и така излезе и ждребката. Специјално бевме отидени поради Давид Крстески, во чија категорија е Европскиот вицешампион во борби Љубомир Дракалски, па се надевавме дека ќе падне со него , и за наша среќа најдобрите се најдоја во финале, каде со мала судиска помош со многу тесна разлика победи домаќинот, со што Давид покажа дека се уште е врвен спортист, совладувајќи претходно 3 противници до финалето. Истотака Елена Јанеска во финале се најде со репрезентативката на Бугарија , каде и покрај судиските неправди го освои златниот медал, со што Елена почнува да ги исполнува сите критериуми за учество зa наредното Европско првенство во Прага 2019.

Валдимир Димитриевиќ го осови 3 место во неговата категорија, кој полека ги следи стапките на неговиот брат Божидар Димитриевиќ кој беше претствник на нашата репезентација на светското првенство во Пловдив оваа година. Од нашите дебитанти ,бевме најпријатно изненадени. Хриситјана Парулеска го освои второто место во нејзина категорија, додека Софија Колушоска се закити со бронзен медал, еднствениот наш натпреварувач кој не освои медал е Јохан Парулески, за кого можам посебно да се пофалам, бидејќи беше пријавен во негова категорија за деца 8-9 години -45 кг, но поради немање на противници беше префрлен по негова желба во поголема старосна категорија во деца 10-11 години, каде имаше одлични две борби, иако не дојде до медал , посебно се гордееме со него, за неговата храброст што влезе со постари од него , а сите знаеме дека во тие години разликата е голема, а за него е ова втор натпревар, а прв надвор од Македонија, затоа Јохан за нас е најголемиот успех на овај натпревар.

Освојувачи на медали се:

Елена Јанеска 1 место категорија женски 12-13 год. +60 кг

Давид Крстески 2 место категорија машки 12-13 год. -45 кг

Христијана Парулеска 2 место категорија женски 10-11 год. -35 кг

Софија Колушоска 3 место категорија женски 8-9 год. -35 кг

Владимир Димитриевиќ 3 место категорија машки 12-13 год. -40 кг

This slideshow requires JavaScript.