18/04/2024
ОхридСпорт

Одложено одржувањето на Илинденскиот мал пливачки маратон

Поради зголемениот број на туристи во Охрид и специфичните состојби за почитување на протоколите и мерките за заштита од Корона вирусот „Ковид-19“, 41. издание на Илинденскиот мал пливачки маратон е одложено и нема да се одржи на 2-ри август, како што беше претходно најавено.

Овогодинешното маратонско издание ќе се одржи во некој од наредните викенди во месец август, а точниот термин за одржување ќе биде дополнително соопштен.

Организатор на овој традиционален спортски настан е пливачкиот клуб „Охридски бранови“, а покровител е градоначалникот Константин Георгиески и Општина Охрид.