19/04/2024
Спорт

Одлуки од Седницата на Управниот одбор на ФФМ

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија беа донесени следните одлуки:

–  У.О. на ФФМ донесе одлука натпреварот Македонија – Косово од 1/2 финалето во Лига на Нации да се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. 

Плеј-оф натпреварот меѓу македонската А репрезентација и селекцијата на Косово се игра на 26. март 2020. година. Со официјален допис, ФФМ ќе ја извести и УЕФА за местото на одигрување на натпреварот.

–  У.О. на ФФМ ги усвои извештаите за работа на младинските национални тимови, почнувајќи од репрезентацијата до 15 години до македонската репрезентација до 21 година. 

–  У.О. на ФФМ донесе одлука за исплата на премија од 50.000 илјади евра како парична награда за фудбалерите и стручниот штаб во А репрезентацијата за настапот на македонската А селекција во квалификациите за ЕВРО 2020.