29/03/2024
Охрид

Одредени локациите за паркирање на автобусите и за симнување и качување на туристите

Согласно донесената одлука на Советот на Општина Охрид за измена на режимот на сообраќај, автобусите симнувањето и качувањето на туристите, организираните групи, ќе го вршат на улицата „Кузман Јосифоски Питу“ од почетокот па се до пресекот со улицата „Партизанска“ (Универзитет Апостол Павле), додека паркирањето на автобусите ќе биде единствено можно на паркинг просторот позади спортската сала „Билјанини Извори“.

На секое друго место каде ќе биде затекнат паркиран автобус истиот од страна на полицијата ќе биде казнуван согласно законот за неправилно паркирање.

Цената на паркинг за 12 часа ќе изнесува 300 денари, а од 12-24 часа 600 денари.