19/04/2024
Спорт

Одржан форум на тренери

Центарот за едукација на тренери и Тренерската организација при Фудбалската федерација на Македонија беа организатори на годишниот „форум на тренери“ на кој беа претставени презентации од интернационални и домашни стручни фудбалски лица.

На форумот присуствуваа близу 300 наши тренери, а свои презентации имаа Небојша Марковски, директор на Центар за Едукација на ФФМ, Игор Ангеловски, селектор на македонската „А“ репрезентација, Благоја Милевски, селектор на Македонија до 21 година, Зоран Стратев, технички директор на ФФМ и Ватрослав Михачиќ, УЕФА инструктор за имплементација на програма за школување на тренери за голмани и директор на Академијата за едукација на тренери на Хрватскиот фудбалски Сојуз.

https://youtu.be/OM2Fz3V7TRI