Одржан официјалниот тренинг пред натпреварот со Ерменија

Со последниот тренинг одржан во ‘Републикан Стадиум’ во Ереван најдобрата репрезентација на Македонија ги заврши подготовките за утрешниот натпревар против Ерменија во Лига на Нации. Репрезентативците максимално сериозно гледаат кон утрешниот натпревар каде се бара четврта победа во четвртиот натпревар во групата, иако првото место може да се потврди само со бод. Натпреварот Ерменија-Македонија се игра во вторник во ‘Републикан Стадиум’ во Ереван со почеток од 18:00 часот.