29/03/2024
Македонија

Одржан состанок со Стопанската комора на Северо – Западна Македонија

Денес (27.02.2018 година), директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски одржа работен состанок со претставници на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија.

На состанокот се дискутираше за предизвиците со кои што членките на Стопанската комора на Северо – Западна Македонија се соочуваат при секојдневните царински постапки, издавање на одобрение и лиценци за вршење на работи на застапување пред царинските органи заради спроведување на дејствија и формалности пропишани со царински прописи.

Присутните, состанокот го оценија како доста корисен и успешен и изразија интерес за продолжување и подобрување на меѓусебната соработка.