28/03/2024
Охрид

Одржан традиционалниот маскенбал во Велгошти по повод празникот Прочка

По повод големиот верски празник Прочка – Велики Поклади, традиционално денес во Велгошти се одржа маскенбалот “Емшири 2019”.

Како и претходните години, така и оваа година, на маскенбалот можеа да се видат голем број креативно изработени маски.

За оваа пригода Месната Заедница од Велгошти, обезбеди награди за поголемите и симболични пакетчиња за малите емширчиња.