19/04/2024
Охрид

Одржана 18 седница на Советот на општина Охрид

Со осумдесет и една точка на дневниот ред, денес заврши 18 седница на градскиот совет. Темите на седницата беа поделени во условно три области од работењето на локалната самуправа. Првиот дел се однесуваше на предлог одлуки од најразлични области од делокругот на работењето на локалната самоуправа, вториот дел се однесуваше на нацрт – програми за работа за следната година и во третиот дел беа одлуките од урбанистичката сфера, односно вклопување на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Охрид.

Со мали дискусии и без поголеми несогласувања, советниците ги изгласаа сите точки од дневнитот ред, со исклучок на последната точка за донесување на урбанистичко планска документација, која не ги задоволуваше законските барања од урбанизмот.