29/03/2024
Охрид

Одржана обука за граѓански организации – грантисти

Организацијата на потрошувачите на Македонија, во соработка со своите партнери Здружението на бизниси и консултанти – Креација од Скопје, и Асоцијацијата за развојни иницијативи – Зенит од Скопје, организираше тродневна обука во Охрид за 11 граѓански организации – грантисти во проектот „Партнерство меѓу граѓанското општество и деловниот сектор – развивање иновативен модел за мобилизација на финансиски средства“.

Со ова се означи почетокот на имплементацијата на 11 нови проекти на граѓански организации во доменот на потрошувачките права и општествена одговорност на претпријатијата.

Повеќе за проектот можете да прочитате тука, додека пак активностите на граѓанските организации можете да ги следите преку фејсбук страницата „Фер со потрошувачот“.