28/03/2024
Македонија

Одржана работна средба на Интерсекторската работна група за следење на квалитетот на воздухот ноември

Со денешниот состанок на Интерсекторска работна група за следење на квалитетот на воздухот (ИРГ) со која претседава заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули продолжија напорите на надлежните институции за координација и заедничко делување во насока на следење на состојбите и дефинирање на соодветни препораки и мерки кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на воздухот.

На работниот состанок беше усвоен механизам за итно делување во случај на алармантна состојба со квалитетот на воздухот. Се дискутираше и за усвојување на краткорочни мерки при надминување на прагот на алармирање, а се дефинираа и приоритетни долгорочни мерки за подобрување на квалитетот на воздухот.

На состанокот се усвоија и предлог измените на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови за алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини за толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели.