28/03/2024
Охрид

Одржана трибина „Ги запознаваме ретките болести 2020“

Во рамките на одбележувањето на 29 февруари – Денот на ретките болести во организација на Форумот на жени на СДСМ од Охрид и Струга синоќа во Охрид се одржа трибината „Ги запознаваме ретките болести 2020“ на која присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

„Ова е доказ дека СДСМ има разбирање за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат лицата со ретки болести и нивните семејства. Заеднички разговараме, даваме поддршка со цел да ја подигнеме јавната свест за поголема и инклузија и подобри услови за овие лица во нашето општество. Тие ја заслужуваат нашата подадена рака за нивна подобра иднина.“ – велат од Форумот на жени на СДСМ од Охрид и Струга.

Синоќешната трибина е само еден мал чекор за актуелизирање на овие теми и позитивен пример дека заедно може да ги менуваме и подобруваме работите. Говорејќи пред присутните министерот за здравство Венко Филипче рече:

„Вечерва имавме одлична трибина со Форумот на жени на СДСМ Охрид и Струга и активистката на Здружението „Живот со предизвици“, Гордана Лолеска, на која дискутиравме за ретките болести. Воведовме 6 нови лекови за пациентите за ретки болести. Двојно го зголемивме буџетот за оваа намена. Во 2017 година тој изнесувал 214, а за оваа година изнесува 527 милиони денари. За првпат воведовме електронски регистар за пациентите за ретки болести, во кој се содржат сите основни информации за пациентите заболени од ретки болести, нивната дијагноза, потребната терапија, соодветната клиника на која се лекуваат, како и лекарот кој ги лекува,“ – рече министерот Филипче.

Трибината „Ги запознаваме ретките болести“ е мал чекор за актуелизирање на овие теми и позитивен пример дека заедно може да ги менуваме и подобруваме работите. Секој човек е важен, сите сме еднакви!