20/04/2024
Македонија

Одржани Билатерални консултации за одбрана со Република Италија

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ, денес имаше средба со претставници на Министерството за одбрана на Република Италија предводени од амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео. Средбата беше одржана како дел од редовните, годишни билатерални разговори во одбраната помеѓу Македонија и Италија.

За време на средбата беше дискутирано за проширување на добрата соработка во делот на воената индустрија и идното заедничко учество во мировни мисии. Од италијанската страна беше изразена подготвеност да излезат во пресрет за секоја искажана потреба која би ја имала Република Македонија во врска со ЕУ и НАТО. Од страна на државниот секретар Николиќ, беше изразена благодарност за досегашната искрена поддршка на Република Италија за членство на Македонија во НАТО, но и за досегашната поддршка во донации, школувања, курсеви и обуки за припадниците на Армијата на Република Македонија.

Во рамки на денешните редовни билатерални разговори беше потпишан и Планот за билатерална соработка во одбраната за 2018 година, во кој се предвидени широк спектар на активности.