29/03/2024
Спорт

Одржани Државното и Националното првенство во далечинско пливање

Викендов, во базенот „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржаа Државното и Националното првенство во далечинско пливање.

Натпреварите беа поделени во две старосни групи во машка и женска конкуренција. Првата категорија беше во должина од 2,5 километри, а право на учество имаа пливачи од 12 до 15 години. Втората категорија беше со должина од пет километри, а право на учество имаа пливачи постари од 16 години.

Победник на првото Државно првенство во далечинско пливање на 2,5 km за жени е Миа Еминова Блажевска 32m:48sec, додека за мажи Победник е Антониј Симоновски 30m:16sec.

Победник на Национално првенство во далечинско пливање на 5 km е Венчислав Ајдарски – Бугарија 55m:39sec додека за жени 5 km Победник е Миа Крстевска.

Официјални резултати:

2,5 km мажи

1. Симоновски Антониј Орион 30:13:47

2. Стојановски Андреј Бета 30:36:27

3. Смилански Александар Бета 32:24:63

5 km мажи

1. Венчислав Ајдарски Бугарија 55:39:55

2. Евгениј Поп Ацев Студент 56:18:34

3. Илиевски Александар Бета 56:54:46

2,5 km жени

1. Блажевска Мила Бета 32:48:04

2. Костадиновска Јана Младост 33:28:40

3. Пејчиновкса Ана Марија Делфин 33:35:00

5 km жени

1. Крстевска Миа Орион 1:04:57:82

2. Tримчевска Стефани Орион 1:15:11:65

Сите учесници за својот настап на шампионатот добија медал, а првите тројца во категорија мажи и жени (во двете старосни категории) беа наградени со 200, 100 и 50 евра, како и со стокови награди.

WebOhrid