23/04/2024
Охрид

Одржано 17-то издание на фестивалот „Канеофест“

Викендов,на 30.06.2018(сабота) се одржа 17-то издание на фестивалот на новосоздадени композиции,на новиот плоштад до ТЦ „Амам“.

Фестивалот оваа година забележа 24 натпреварувачки композиции, од изведувачи од речиси од сите градови од Македонија,како и настап на охридската група „Камелеон“ и доајенот на Македонската народна песна Наум Бурназ во ревијалниот дел.

Гран при во поп делот освои Валентина Ѓорѓиеска-Парго за песната „Тајна љубов“ а во фолк делот Алексо Тришоски со песната „Македонец да си“

Фестивалот беше поддржан од Општина Охрид.

Наградите беа доделени по пат на гласање на стручната жири комисија,и публиката.

Во фолк делот на 17-то издание на фестивалот КАНЕОФЕСТ наградени беа :

1 награда од жири -Петар Нечовски-„Фанче,Фанче лично охриѓанче“
2 награда од жири Амбасадор бенд-„Снот ти се жени мајко“
3 награда од жири -Маја и Ружица Герасимоски -„Дали думнаш сестро“

1 награда од публика Горан симески -„Лично моме”
2 награда од публика -Маја Ќировска „Станвај ќерко“
3 награда од публика Славица Стевовска „Чочек чифтек“

Најдобар текст Здравко Кузески за песната „Чочек Чифтек“
Најдобар сценски настап Драганче Митрески „Нема прави мажи“

Најдобар аранжман Дејан Митровски за песната „Синот ти се жени мајко“ која ја изведоја Амбасадор бенд

Во поп делот наградени беа
1 жири Љупчо Јошевски „На срце ми остави потпис“
2 жири Божидар Николовски „Да си моја “
3 жири Петар Нечовски -Бакнувај ме-израдувај ме

1 публика Славчо Спироски слав-„Времето мине-останува спомен“
2 публика Дејан Добревски – „Бз тебе јас сум нула“
3 публика Ице Панов -“Буби“

Најдобар аранжман Мими Марковски за песната „да си моја“ која ја изведе Божидар Николовски

Најдобар текст на Цане Трајчевски -„На срце ми остави потпис“ ,која ја изведе Љупчо Јошевски.