29/03/2024
Спорт

Одржано Државно првенство во шах за основни и средни училишта

Федерацијата за училишен спорт во соработка со Шаховската федерација на Македонија, Сојузот на училишен спорт на Скопје и Приватната Гимназија “Алгоритам” го организира Државното првенство во шах за основни и средни училишта.

На првенството учествуваа 112 учесници и тоа 91 машки и 21 женски.

Сите натпревари се играа со временска контрола по играч од 10 минути, со додаток од 5 секунди за секој одигран потег, Швајцарски систем од шест кола.

На првенството беа постигнати следниве резултати:

Основни училишта-машки:

  1. Емил Ристески – Скопје, ОУ „Јахја Кемал Јуниор“
  2. Андреј Велјаноски – Скопје, ОУ „Стив Наумов“
  3. Матео Ефтовски – Скопје, ОУ „Владо Тасевски“

– женски:

  1. Јана Анѓелкоска – Охрид, ОУ „Григор Прличев“
  2. Михаела Зрмановска – Скопје, ОУ „Јахја Кемал Јуниор“
  3. Леа Ефтовска – Скопје, ОУ „Владо Тасевски“

Средни училишта -машки:

  1. Ристе Јовчев – Скопје, СУГС „Јосип Броз Тито“
  2. Давид Манески –Прилеп, СОУ„Мирче Ацев“
  3. Андреј Крстевски –Куманово, СОУ„Гоце Делчев“

– женски:

  1. Манова Ивана – Скопје, СУГС „Орце Николов“
  2. Димовска Александра –Битола, СОЕУ „Јане Сандански“
  3. Митревска Сара –Битола, СОЕУ „Јане Сандански“

Учениците кои освоија прво место во сите категории се здобија со право на учество на спортскиот камп.