Одземено оружје при претрес на возило во с. Мали Влај

Регионалниот центар за гранични работи Запад поднесе кривична пријава против С.В.(41) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 06.09.2019 во с.Мали Влај извршиле преглед на патничко возило ,,мерцедес“, управувано од Д.М.(37) од Струга, во кое сопатник бил пријавениот, при што пронашле и одзеле две ловечки пушки, 12 куршуми за ловечка пушка, пиштол ,,црвена застава“ со една рамка и осум куршуми.