28/03/2024
Македонија

Официјална посета на делегација на Советот на министри на Босна и Херцеговина на Република Македонија

Утре, 12 март, делегација на Советот на министри на Босна и Херцеговина, ќе престојува во еднодневна, официјална посета на Република Македонија.

Свечениот пречек на делегацијата на Босна и Херцеговина, која ја предводи Претседавачот на Советот на министри Денис Звиздиќ ќе се одржи на платото пред Владата на Република Македонија во 8:15 часот.

Потоа следува кратка тет-а-тет средба помеѓу претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Во 08:45 часот, предвидена е билатерална средба на владини делегациии од Република Македонија и Босна и Херцеговина.

По оваа средба, во 09:10 часот, претставници од двете владини делегации, свеченото ќе потпишат договори за соработка меѓу Република Македонија и Босна и Херцеговина.

Веднаш потоа, во 09:30 часот, ќе биде одржана заедничка прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, и претседавачот на Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Во 10:00 часот, делегациите на Република Македонија и Босна и Херцеговина заеднички се приклучуваат кон „маршот на живите“ и пеш доаѓаат до споменикот на 7.144 македонски Евреи, во рамки на одбележувањето на 75 годишнината од холокаустот на македонските Евреи.