20/04/2024
Македонија

Официјална посета на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Република Македонија

Во среда и четврток 05-06.09.2018, Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг доаѓа во официјална посета на Република Македонија.

Генералниот Секретар на НАТО ќе слета вечерва на аеродромот во Скопје, а ќе го пречека министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Следниот ден, на 6 септември (четврток) вo својата агенда покрај останатите активности и средби, Генералниот Секретар ќе го посети и Стајковци каде ќе има средба со градоначалникот на Гази Баба како и изјава за медиуми, по што заминува во касарната Илинден каде ќе ги посети војниците, ќе присуствува на показна вежба како и вежба на припадниците на специјалните сили. Во касарната Илинден предвидени се изјави за медиумите од министерката за одбрана Шекеринска и генералниот секретар на НАТО, Столтенберг.

Во 13:15 часот, Генералниот Секретар Јенс Столтенберг пристигнува во Клубот на пратеници, каде ќе има работна средба со претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев. Медиумите ќе имаат можност за кратки фото и видео инсерти.

Во 14:10 часот, Генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, ќе одржат прес-конференција во дворот на Клубот на пратеници.