29/03/2024
Македонија

Официјална посета на потпретседателот на Владата и министер за надворешни и европски работи на Р.Хрватска

Денеска (13 март 2018 год.), на покана на министерот за надворешни работи Никола Димитров, во официјална посета на Република Македонија престојуваше потпретседателот на Владата и министер за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Марија Пејчиновиќ Буриќ.

Sredba Dimitrov Buric 03

За време на разговорите, Министерот Димитров се заблагодари на конзистентната поддршка која нашата држава ја добива од Република Хрватска за полноправно членство во ЕУ и НАТО. ЗПВРХ и МНЕР Буриќ  ја реафирмираше силната поддршка на Република Хрватска и изрази надеж дека Република Македонија наскоро ќе ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ и ќе стане полноправна членка на НАТО Алијансата.

Sredba Dimitrov Buric 07

Sredba Dimitrov Buric 10

Соговорниците се согласија дека одличната соработка во разни области меѓу двете пријателски држави ќе продолжи, а воедно ќе се работи и на унапредување на економската соработка, со можност за заеднички настап на македонските и хрватските компании на трети пазари. На средбите се разговараше и за процесот на пристапување на Република Македонија кон Јонско-Јадранската иницијатива.

Sredba Dimitrov Buric 09

На средбите, МНР Димитров изјави:

„Оваа посета доаѓа во време кое за нас е многу значајно и оттаму, исклучително сме благодарни на поддршката која ја добиваме од Хрватска. Ни требаат вашите совети и вашата мудрост.

„Од членството во евро-атланското семејство  најголем бенефит ќе имаат граѓаните на Република Македонија, но и Регионот и Европа“ 

Ова беше прва официјална посета на Република Македонија од страна на  хрватски министер за надворешни работи по подолг период, а се очекува и министерот Димитров да оствари возвратна официјална посета на Република Хрватска.

Sredba Dimitrov Buric 14

Sredba Dimitrov Buric 15