20/04/2024
Македонија

Официјална посета на Претседателот на Албанија, Илир Мета во Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 20 ноември 2017 година, понеделник, ќе биде домаќин на Претседателот на Република Албанија, Н.Е. г. Илир Мета, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

– 10:00 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно”,

– 10:15 часот – Тет-а-тет средба на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета,

– 11:00 часот – Пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и на Република Албанија,

– 11:30 часот – Прес-конференција на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Албанија, г. Илир Мета.