18/04/2024
Македонија

Официјална посета на Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, во Република Македонија

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, на 16 и 17 февруари 2018 година ќе биде домаќин на Претседателот на Република Бугарија, Н.Е. г. Румен Радев, кој ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија.

Агенда на активности – петок, 16 февруари 2018 година

– 11:30 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно”,
– 11:45 часот – Тет-а-тет средба на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Бугарија, г. Румен Радев,
– 12:30 часот – Пленарен состанок на делегациите на Република Македонија и на Република Бугарија,
– 13:00 часот – Заедничка прес-конференција на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Бугарија, г. Румен Радев.

Покануваме новинарски екипи во 11:00 часот во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија „Вила Водно”.

Агенда на активности – сабота, 17 февруари 2018 година

– 10:30 часот – Средба на Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов и Претседателот на Република Бугарија, г. Румен Радев, со претставници на стопанските комори од Република Македонија и од Република Бугарија.