20/04/2024
Охрид

Оглас бр. 01/2019 прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема

Врз основа начлен 80, член 80а и член 81од Законот за градење („Сл.весникна РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16 ,35/18 и 64/18), член 34 од Статутот на општина Охрид, член 36 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02),  Годишната програма  за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2019 год. бр. 08-312/20 од  16.01.2019 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 01/2019,) и Одлуката за утврдување на висината  на надоместокот (закупнината) за поставување  урбана опрема во општина Охрид бр 08-312/21 од 16.01.2019 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:

О Г Л А С  бр. 01/2019
ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА

 Општина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење.

Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:

I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед 

Поставување фрижидери се предвидени на следните локации:

  • по должината  на кеј „Македонија“ вкупно 11 локации
  • плоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локација
  • на ул,,Климент Охридски,, пред угостителски комплекс ,,Летница,, вкупно 2 локации
  • левата страна на пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел,,Парк,,  –  1 локација.

На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од програмата за поставување урбана опрема за 2019 година

II. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги; 
  • Локациите за продажба книги се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта,  вкупно 4 локации.

Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги секоја со површина 4м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2019 година.

III. Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики 
  • Локациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта,  вкупно 4 локации.

Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4 м2.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2019 година.

IV. Локации за поставување урбана опрема за продажба сувенири; 

Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:

  • на влезот во комплексот „Плаошник“ вкупно 4 локации
  • на патека од Самоилова тврдина кон комплексот „Плаошник“ вкупно 5 локации
  • на пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел,,Парк,, –  8 локации.
  • пред влезот на Антички театар – 1 локација

Продажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00х1.00 м.

Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од годишната програма за поставување урбана опрема за 2019 година.

Локациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена.

V. Почетна  цена за издавање на локација е:
  • локација за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари/месечно по локација(на една локација може да се постават по два стандардни фрижидери);
  • локација до 4 м2 за продажба книги на унифицирани тезги со почетна цена од 8.000.оо (осумилјади) денари/месечно;
  • локација до 4 м2 за продажба уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осум илјади) денари/месечно;
  • локација за продажба сувенири на унифицирани тезги ( 2м х 1м) од 2 м2 со почетна цена 3.000.оо (три илјади) денари/месечно;

5.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.

5.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

5.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија  паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

5.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,50 (седум  денари и педесет дени)  од м2 дневно.

5.5 Договорите со најповолните понудувачи  за точка I, II,III и IV ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) денови.

5.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на договорот  и добивање на одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.

 

VI. Доставување на понуди

6.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејноста наведена во точка 6,2 од овој оглас.

6.2 Понудувачот треба да достави:

– Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината www.ohrid.gov.mk

– Уплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (триилјади) денари.

Уплатата се врши на следната сметка:

Трезорска сметка:  1000000063095

Уплатна сметка:  84015206553

Приходна шифра:  723914 Програма 00

  • За правни субјекти  

Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение-не постари од 6 месеци);

Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

  • За физички лица

Фотокопија од лична карта

Потврда за вршење дејност издадена од надлежна институција

Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Понудите по точките I, II,III и IV да бидат со важност од 90 денови.

Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација  на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.

VII. Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

 „НЕ ОТВОРАЈ“

Општина Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за

издавање на времено користење на локации за поставување

урбана опрема бр. 01/2019

Дел:______________ ,Локација бр.__________

(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува,                                 НА ПРИМЕР       I –  продажба на сладолед, Локација бр. 5)

ул: „Димитар Влахов“ бр.57

6000 Охрид

 

НАПОМЕНА:

Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

           „НЕ ОТВОРАЈ“

„Да не се отвора пред 07.06.2019г

15.00 часот.

Оглас бр.01/2019

 

Општина ОхридКомисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр. 01/2019

Дел:_______, Локација бр.__________

(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)

ул „Димитар Влахов“ бр. 57

6000 Охрид

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.

Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

VIII. Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до  07.06.2019 во 15.00 часот.

Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе сеодржина www.eaukcijaohrid.mk .  Напатствија ,инструкции и лозинка во писмена форма ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на малку 3 (три) дена пред јавното наддавање.

За денот и часот  на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид.

За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 6.2.

IX. Предмет на јавно наддавање

Предмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена;

 

X. Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

Договорот ќе се склучи во рок од три дена од денот на подигнување на  Решението за избор на најповолен понудувач.

Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.

Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема заинтерисираните субјекти можат да ги превзематод web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 15.00-16.00 часот во просториите на општина Охрид.