Оглас за издавање под закуп на деловен простор

ОГЛАС

за издавање под закуп на деловен простор

Се издава во закуп деловен простор – сопственост на Црвен крст Охрид.

Деловниот простор се наоѓа на ул. Димитар Влахов бр. 52 во Охрид и има површина од 134 м2 и истиот се наоѓа во приземниот дел од објектот.

За издавање на деловниот простор под закуп ќе се спроведе постапка со прибирање на затворени понуди.

Почетниот износ на закупнината за еден месец во постапката за издавање на деловниот простор под закуп изнесува 600 евра во денарска противвредност.

На огласот можат да се пријават сите заинтересирани домашни правни и физички лица кои ќе достават тековна состојба од Централен регистар на РМ, во оригинал, која не треба да биде постара од 30 дена.

Услови и критериуми за избор на најповолен понудувач се:

  • Висината на понудената месечна закупнина за деловниот простор, а која не може да биде помала од 600 евра во денарска противвредност
  • Видот на дејноста која ќе се обавува во деловниот простор, а која не треба да биде во спротивност со дејноста, принципите и мисијата на Црвениот крст
  • Начинот, рокот и условите на плаќање на закупнината
  • Подготвеност за општествена одговорност за поддршка на хуманитарните активности на Црвен крст Охрид

Деловниот простор се издава за рок до 5 години.

Заинтересираните кандидати може да ги доставуваат своите понуди во писмена форма, во затворени коверти со назнака „За оглас за закуп на деловен простор„ до архивата на Црвен крст Охрид секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот или по пошта на адреса ул. Димитар Влахов бр. 52, 6000 Охрид.

Огласот ќе биде објавен од 13.12.2018 до 17.12.2018 г.

Понудите може да се доставуваат најдоцна до 18.12.2018 година до 15:00 часот.

Понудите доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.

Доставените понуди ќе ги отвара посебна комисија при Црвен крст Охрид најдоцна до 21.12.2018 година.

Раководниот одбор на Црвен крст Охрид го задржува правото да не изврши избор на понудувач доколку оцени дека доставените понуди не се соодветни.